Нова фабрика за чевли во Кратово

Bez autora
Jun 06 2011

Женски чевли од познати светски брендови ќе се произведуваат во Кратово. Се отвора италијанска фабрика. Фирмата Кадоро за почеток ќе вработи 100 луѓе, а понатаму се планира бројот да се зголеми на 250. Истата компанија веќе 4 години успешно работи во Крива Паланка. Во тој погон има вработено 500 луѓе. За почеток, погонот во Кратово планирано е да биде само шивална. Базата ќе остане во Крива Паланка. Планираме производството кое во моментов го имаме во Романија и Хрватска да го префрлиме во Кратово. Во фабриката во Крива Паланка фирмата Кадоро, освен за сопствената линија, произведува чевли по нарачка за познати светски имиња. Целокупнтото производство е наменето за извоз во Германија, Белгија, Холандија и уште неколку други европски држави. Чевлите се прават на најсовремени и автоматски машини, а по потреба и рачно.

Нова фабрика за чевли во КратовоЖенски чевли од познати светски брендови ќе се произведуваат во Кратово. Се отвора италијанска фабрика.

Фирмата Кадоро за почеток ќе вработи 100 луѓе, а понатаму се планира бројот да се зголеми на 250. Истата компанија веќе 4 години успешно работи во Крива Паланка. Во тој погон има вработено 500 луѓе.

- За почеток, погонот во Кратово планирано е да биде само шивална. Базата ќе остане во Крива Паланка. Планираме производството кое во моментов го имаме во Романија и Хрватска да го префрлиме во Кратово - вели Отело Монети, сопственик на фирмата Кадоро.

Во фабриката во Крива Паланка фирмата Кадоро, освен за сопствената линија, произведува чевли по нарачка за познати светски имиња. Целокупнтото производство е наменето за извоз во Германија, Белгија, Холандија и уште неколку други европски држави. Чевлите се прават на најсовремени и автоматски машини, а по потреба и рачно.

- Во моментот сме задоволни. Добро работиме во Крива Паланка. Произведуваме за долгогодишни партнери - додава Монети, сопственик на фирмата Кадоро.

Интензивно се работи на подготовка на просторот каде ќе биде сместена фабриката во Кратово. Се планира да почне со работа на почетокот на август. Фирмата Кадоро постои скоро 40 години, а сопственикот Монети со чевларство се занимава од неговата 10-годишна возраст.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik